Најава за акција: Да ги вратиме шумите на ИСТОКОТ

⚠️ СООПШТЕНИЕ:

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево во соработка со голем број граѓани и организации на 14ти ДЕКЕМВРИ ќе реализира еко-акција за пошумување и обнова на шумите во Источниот регион.

Под мотото “Да ги вратиме шумите на ИСТОКОТ” имаме за цел да засадиме над 5000 дрвца со кои сакаме да ја вратиме убавината на нашите планини.

Ги повикуваме сите граѓани од Делчево и околните општини кои се во можност да ни се приклучат во оваа акција и на тој начин да покажеме како се сака родниот крај.

Огромна е честа да Ве поканиме заедно со Премиерот на Република Македонија и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Христијан Мицкоски, времето кое ни е дадено да го искористиме во создавање на нашата иднина!

Настанот е закажан за 14.12.2024 година во атарот на село Нов Истевник од 12:00 часот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ ОК Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*