Во беровско Русиново се чествува ликот и делото на македонскиот великан Даме Груев

Во беровско Русиново, денеска се одржа чествување по повод 118 годишнината од смртта на македонскиот илинденски великан и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација, Даме Груев. 

Во чест на 118- годишнината од смртта на Даме Груев, пред неговата биста цвеќе положи делегација на Општината предводена од градоначалникот Звонко Пекевски, претставници на Советот и други институции и граѓани.

Пред присутните, во центарот на село Русиново, беше прочитан реферат за неговиот живот и дело.

-Водејќи се од девизата ,,Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај”, Даме Груев е запишан во македонската историја, како еден од најголемите македонски револуционери и најистакнати членови на Македонската револуционерна организација, беше кажано во рефератот пред споменикот на Груев.

Споменот за Даме Груев како што беше потенцирани е вечен, а неговиот лик и дело се гордост, за сите кои го почитуваат неговото дело.

Големиот македонски револуционер Даме Груев,   загинува на 23 декември 1906 година, во борба кај месноста Петлец,  близу  с. Русиново. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*