Пишува: Биљана Петровска
,,Се сеќавам на стариот културен дом во центарот на градот. Одев во библиотеката, тесна стаза, право и влегуваш во не многу голема, ниска просторија (можеби и не била таква,ама јас во сеќавањата така ја имам). Куп книги, некои средени, некои не.
Десно кога влезеш, голема врата и кога ја отвориш….прекрасна просторија, не знам што била мислам читална. Темни бои , дрво, наредени книги.На средината голема долга маса, на неа весници. Имаше во таа просторија некоја елеганција, гламур, душа, топлина….Ја паметам по тоа што еднаш ме водеа незнам дали од школото или од дома, да видиме едно џуџе кои правеше нешто, не знам што, ама него го паметам убаво од глава до пети.
Во оваа просторија можеше да се влезе и од улицата имаше мислам две големи врати, кои се отвораа и веднаша од улицата влегуваш во просторијата.Ги делеше ниска жива ограда, зелена и средена.

Доколку оваа прекрасна елегантна зграда, прекрасна стара градба постоела и денес, во тие простории би можело да има убава читална, стара и вредна, во која секој ќе може да влезе и постари и инвалиди. Оти да качиш библиотека на трети спрат, некако не ми оди. Над неа имаше убава тераса или балкон. Замислете да постои денес оваа зграда, на него би се организирале преубави литературни средби, промоции, летни кина, концерти. Убавина. Зградата имаше многу простории, во една од нив бев на аудиција да станам член на КУД „Гоце Делчев“ и подоцна на проби.
Внатре убави широки скали кои водеа на балконот. Многу простории кои денес би биле убави канцеларии, во кои би се договарале и организирале прекрасни културни настани.
Не навлегувам во тоа, што, кој, како и зошто зградата ја нема. Ама штета и загуба. Јас на ова се сеќавам, постарите сигурно имаат куп други убави спомени. А денес имаме само по некоја фотографија, како спомен.
Случајно ги најдов сега, ги чував за нешто друго…ама кога ги погледнав…ме преплавија спомени, сеќавања…

Leave a Reply