Трајковски во студиска посета на Австрија

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски се наоѓа во студиска посета на Република Австрија во рамки ма проектот за примена на добри практики на социјални услуги на локално ниво. Во рамки на посетата како што информира Трајковски се запозна со проектот Медицинска сестра во заедницата спроведуван од “Saalachtal & Leogang”.

-Разговараме за придобивките кои ги носи оваа услуга за заедницата. Аташето Харалд Фугер ги сподели предизвиците како и иновативните модели за успешно спроведување на ваков тип на услуга. Во склоп на работната посета на Република Австрија како дел од активностите на проектот ТРАНСАКТ остваривме посета на различни социјални услуги како “Haus. St. Klara” каде се даваат услуги за стари лица, жени и деца во социјален ризик, палејативна грижа и примарна медицинска нега, информира Трајковски.

Заедно со Тони Стоименовски советник за локален економски развој заедно го посетиле Дневниот Центар за стари лица кој обезбедува програмски активности за активно стареење за над 50 корисници дневно. 

-Искористувањето на постоечките ресурси преку заеднички иницијативи на јавните институции, бизнис ентитетите и здруженијата го увидовме во Kleinstadtbiotop Vockalbruck која е реновирана стара зграда што денес нуди социјални услуги, промоција на мали трговци и простор за граѓаните од општината и регионот. Денот го завршивме со посета на OJenes Kunst, Kultuthaus Vockalbruck – претходно болница која денес е место за социјални и културни иновации, додаде Трајковски, додавајки дека биле посетени и други установи како и институции кои се дел од системот во Австрија на пружање на различни социјални услуги.

 На оваа студиска посета покрај Општина Делчево во Република Австрија се присутни и претставници на уште 3 општинаи од пелагонискиот регион и тоа Прилеп, Долнени, Кривогаштани, општина Градско од Вардарскиот регион и општина Делчево од Брегалничкиот регион, како и претставници од Министерството за труд, социјала политика, демографија и млади како ипретставници од гтраѓанскиот сектор кои се лиценцирани за социјални услуги.

Проектот ТРАНСАКТ е поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*