ВИДЕО: Село Киселица, село каде секоја стара куќа раскажува своја приказна

На ЈутЈуб налетавме на одлично видео на Јутјуб, во кое Благојчо Стојановски решава да го посети село Киселица, родното село на неговите дедо и баба.

Стојановски се потсетува на неговото детство на мирисот не печен леб на приакзните кои ги раскажуваат старите куќи сами по себе и спомените од неговото детство кои оставиле неизбришлива трага во неговиот живот.

Еве што стои во описот на видеото кое опфаќа и дел од посетата на црквата Св Петка во с.Селник.

…………………………….

Село Киселица, Делчево – Родното место на моите баба и дедо | Македонија

Денес се враќам во корените… во селото Киселица, Делчево, родното место на моите баба и дедо. Овде времето тече побавно, а секоја стара куќа раскажува приказна.

Овие предели ме потсетуваат на детството, на мирисот на печен леб, на топлината на нивните раце и на спомените што засекогаш ќе живеат во мене.

Ова е Македонија – земја на традиција, спомени и љубов кон родното огниште

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*