Нови две засилувања за наша Брега. Откако пред неколку денови беа регистрирани Ненад Нешовски и Антонио Стојчов од екипата на Карбинци, денес на официјалната страна на клубот беа претставени и Емил Рунчевски и Дени Андонов.
Како што стои во објавата на клубот се работи за фудбалери кои со своето богато искуство од штипска Брегалница, Детонит, Саса и Овче Поле сигурно ќе и бидат од голема помош на екипата, велат од стручниот штаб кои со нетрпение очекуваат да ги видат на теренот.
Со овој потег Брега со вкупно 5 засилувања го комплетира ростерот за втората полусезона.


Leave a Reply