Во продолжение ви го пренесуваме одговорот на Иван Гоцевски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на претходниот демант на градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој утрово го објавивме:
Во продолжение интегрален текст од одговорот на Гоцевски:
………………………
Додека Трајковски нервозен држи прес-конференција која од соседната канцеларија друг му ја напишал, без аргументи и директни лични напади и сеење магла низ историјата, го замолувам јавно исто преку прес-конференција да одговори на овие прашања кои стојат неодговорени во архивот на општината и за кои истиот тој има и статутарна обврска како Градоначалник на Општина Делчево/Municipality of Delcevo.
Еве Трајковски, врз основа на член 43 став 5 од Законот за Локална Самоуправа,Сл.весник на Р.М бр. 05/02)член 8,член 9,член 26 став 2 од Деловодникот на Советот на Општина Делчево заради вршење на својата работа и обврски како членoви на Советотот на Општина Делчево и по барање и реакции од граганите во врска со новиот обект кој никнува во близина на спортските игралишта на планината Голак, Ви ги доставуваме следните прашања:
- Како се решени фекалните отпадни води од канализационите цевки кои се видиливи на терен?
- Дали за обектот постои елаборат за животна средина?!
- Дали со обектот се загадува живитната средина со оглед дека инсталациите кои се поставени асоцираат на тоалети?
- Колку средства од Буцетот на Општина Делчево се одделени за оваа Ваша авантура и од коа ставака?
- Кој е изведувач на обектот? Со оглед на фактот дека работниците кои го градеа се дел вработени во јавното претприатие а дел се ангажирани преку “Програмата за извршуванье на јавни работи во Општина Делчево за 2024 година”. Исто така нагласуваме дека постојат и слики кои покажуваат дека механизацизата од JKП “Брегланица” од Делчево учевствува во изградбата на истиот?
- Дали градежниот инспектор направил посета на терен и што констатирал?
- Дали сте свесни дека градењето на обекти за кои нема одобрение за градење се “дивоградби” а самото дело претставува кривично дело? Дали можеби натрупаните претставки за сомнение за сторено кривични дела се и во основата на вашата нервоза?
Пред без аргументи да ме обвините во било што во прилог Ви ги доставувам и фотографиите за вистинитоста на истиот исто како што беше и судското порамнување за пожарникарите за неисплатени надоместоци на плати и додатоци на плата за време на последната наша партиска прес-конференција.
И Трајковски незаборавајте пред да одговорите на овие прашања да се консултирате со соседната канцеларија и со лицата на кои им се извршуваа гратис градежни активности на нивните имоти на планината Голак со вработените и механизацијата на ЈКП “Брегалница”од Делчево на терет на граѓаните на нашата општина, за што имаме и фотографии.
Незаборавајте да се консултирате Трајковски со нив затоа што само така ќе бидеме сигурни дека се движите во надолна линија.

Leave a Reply