Три пехари за ППК Зегин на Државниот мастерс во Битола

ППК Зегин Берово ја реализира својата програма за вложување во младите пинг понгари/ки, максимално одговорно и посветено. Мерило за квалитетот на тренинзите се турнирите. Вчера во Битола на државниот мастерс У 11 и У 13, во нечовечки услови, за кои наведуваат од клубот на крајот од нивниот пост, клубот од Берово освои три од четири пехари.

У 11 машки:

1. Јован Пармачки 🥇злато

2. Филип Цековски 🥈сребро

3. Марко Цикарски 🥉бронза

Првите 3 места за Берово, Јован стандардно добар, Филип фантастичен, го дигнавме за кратко на високо ниво, Марко одличен.

У 13 женски :

1. Бојана Јовевска 🥇злато

Без поголеми проблеми, Бојана си го зеде она по кое беше дојдена.

У 13 Машки

1. Јован Пармачки 🥇злато

2. Димитар Парасков 🥉

Димитар, видлив напредок, а малиот Јован, ја разбранува салата во Битола, каде никој не очекуваше дека ќе го добие финалето, со многу повозрасниот противник, ама Јован беше дојден, по двата пехари. Задоволство и од сите други деца од нашиот клуб, кои одиграа одлично.

Ова го пишувам со температура, од вчерашниот ден. Во нечовечки услови, со грубо кршење на правилникот за организација на турнири, во преладна сала, огледала за боди билдери наместо зидови, немање на трибини, лизгав под, кој кондензираше и четири пати деца паднаа ризично на подот и едно заврши на брза помош, неможност за ждребот да се направи, каде беше доведен Зоки Таневски, кој си ги напушти професионалните обврски за да помогне, како на филмовите со Ван Дам, нашиот клуб доминираше, браво деца. Секоја чест за Даниел Зхоу и Христијан Јовановски од Битола, кои дадоа се од себе да го направат турнирот, се вели во објавата на ППК Зегин.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*