Пчеларите од Делчево се подготвуваат за одбележување на „Св.Харалампиј“, заштитник на пчеларите

Пчеларите од Пијанец се подготвуваат за одбележувањето на денот посветен на заштитникот на пчеларите Св.Харалампиј.  Настанот како што информираше Јованчо Медарски, претседател на здружението ,,Пијанечка Пчела 2″ ќе се организира трета година по ред, а има за цел размена на предлози и идеи за популаризација на Пијанечкиот мед, меѓу кои и претставување на иницијативата за организирање на настанот Денови на пијанечкиот мед.

-Се работи за манифестација која би сакале да се вклопи во општинските програми,  затоа што медот е производ, кој треба што повеќе да се користи и како храна и како лек. Планот е прво да започнеме со  Образованието, да почнеме значи преку едукација да го промовираме пијанечкиот мед. Во иднина ќе имаме и дополнителни активности, за што јавноста дополнително ќе биде известена, изјави Медарски.

Во рамки на Пчеларската вечер како што додава ќе се разговара и за новите предизвици во пчеларството.

-Со одминувањето на зимата отпочнува сезоната на работа кај пчелите, каде што присуството на пчеларите ќе биде потребно повеќе од повеќе причини. Нов паразит се појавува на југот на Русија и во Грузија и е блиску е до границите со Романија и Бугарија. Во тој поглед во иднина ќе ни треба поголем ангажман и користење на стручното мислење на наши колеги од земјоделски факултет од областа на пчекарството, додава Медарски.

Пчеларската вечер која ќе се одржи на Св.Харалампиј во Делчево ќе се одржи по трет пат, а од здружението ,,Пијанечка Пчела 2″ очекуваат настанот да прерасне во традиција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*