Младиот рапер од Берово, Борис Зифовски и делчевката Леа Лесовска која живее во Швајцарија направија заеднички дует испеан на наш дијалект со наслов „Дама“.
Песната како што вели за Делчево365 младата Леа е снимена во студиото на Зифовски во Берово.
-Песната е снимена во неговото студио во Берово, за истата доста се потрудивме, се обидовме да биде интересно иако беше комлицирано. Јас од Швајацарија ги пратив моите вокали а тој успеа за 4 дена да ја направи. се работи за огромен професионалец кој и треба на Македонија.

Јас искрено се надевам дека песната ќе биде хит. Инаку како леа лесовска фановите можат да ме најдат на Тик Ток каде објавувам и друга музика. Очекувајте со Борис уште многу песни и спотови на Пијанечко-Малешевски во наредниот период кои се надевам ќе бидат интересни за младите. Благодарност до Борис кој целосно стои зад песната негов е текстот и микс-мастерингот додека јас асистирав за текстот и го отпеав мојот дел, изјави за Делчево365, Лесовска.
Во продолжение ја слушаме „Дама’ на Борис&Лесовска

Leave a Reply