Атанасовски и Георгиевска ги разгледаа можностите за целосна реконструкција на здравствената станица во Македонска Каменица

Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски оствари работна средба со директорката на ЈЗУ „Гоце Делчев“ – Делчево, Билјана Георгиевска и раководителот на Здравствената станица во Македонска Каменица, Љупчо Трајановски.

На средбата, помеѓу другото, како што се вели во неговата објава на фејсбук, се разговарало ,а можностите за целосна реконструкција на Здравствената станица во Македонска Каменица, врз основа на веќе изработениот проект за уредување и модернизација на објектот.

-Бев запознаен со моменталните услови за работа во Здравствената станица, како и со воведените подобрувања во делот на здравствената заштита и достапноста на лекувањето за граѓаните. Исто така, беше разговарано за ресурсите со кои располага Здравствената станица и подготвеноста за постапување и справување со кризни ситуации на локално и регионално ниво, како и за степенот на подготвеност за заштита и безбедност во самата здравствена установа, истакна Атанасовски.

Она што е евидентно, според него д дека потребата од реконструкција е итна, со цел да се обезбедат подобри услови за работа на медицинскиот персонал и поквалитетна здравствена услуга за сите жители на Македонска Каменица.

-Како градоначалник, останувам посветен на унапредување на здравствената заштита. Заедно со вработените во локалната самоуправа, ќе продолжиме со активности, за што поскоро реализирање на овој значаен проект, со кој граѓаните на Македонска Каменица ќе добијат модерна, функционална и современо опремена здравствена установa, додаде во својата објава каменичкиот градоначалник.

Веднап по оваа средба Атанасовски одржа средба и со директорите на повеќе институции додавајки го следново:

Денеска одржав вонреден координативен состанок со директорите и претставниците на локалните институции, ТППЕ, Полициското одделение во Македонска Каменица и вработени во локалната самоуправа.

На состанокот ги задолжив училиштата, детската градинка и јавните претпријатија во најкус рок да достават информации за состојбата со хидрантските мрежи, ажурирањето на противпожарните апарати, како и плановите за евакуација и противпожарна заштита во сите јавни објекти.

Во координација со надлежните институции, според Програмата за работа на воспитно образовните институции, ќе бидат спроведени предавања, обуки и тактичко-показни вежби за превенција и зголемување на безбедноста на учениците и вработените во јавните установи.

Општина Македонска Каменица, во рамки на своите надлежности, ќе изврши проверка на состојбата во колективните стамбени згради и кај угостителските објекти. Ќе биде изготвен план за контрола на хидрантските мрежи, ПП опремата, пристапите и излезите кај објектите за колективно домување. Истата ќе биде спроведувана во координација и соработка со куќните совети и управителите на зградите.

Наш приоритет останува зачувувањето на безбедноста на граѓаните и обезбедувањето на сите неопходни услови за нивното секојдневно функционирање.

Фото: Фејсбук профил на Димчо Атанасовски, градоначалник на Македонска Каменица

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*