Советникот на Левица поднесе 14 барања до Општина Делчево за пристап до информации од јавен карактер

Советникот Тони Стаменковски од редовите на ПП Левица поднесе 14 барања за пристап до информации од јавен карактер, со цел како што се вели во неговата објава да се провери дали општината и нејзините служби си ја вршат работата законски!
Во продолжение еве кои барања се доставени:

  1. Дали во последните 30 дена е извршен вонреден инспекциски надзор на сите барови, ресторани, кафулиња, кабареа и сл. на територијата на општината и што е констатирано до сега?
  2. Дали општината, односно јавните установи и јавните претпријатија под нејзина надлежност имаат склучено договор за проверка и сервисирање на противпожарни апарати и противпожарни хидранти во сите установи кои се во надлежност на општината?
  3. Дали објектите на основните училишта, детската градинка и останатите општински установи и јавни претпријатија имаат противпожарна опрема, кога последен пат се проверени(испитани) противпожарните апарати и противпожарните хидранти?

4.Дали општината поседува техничка документација за секој објект во нејзина надлежност (згради, основни училишта и градинка) за брза евакуација при евентуални пожари, поплави и земјотреси?

  1. Детален извештај за активностите во последните 3 години на Локалниот совет за превенција!
  2. Дали сите училишта, јавни претпријатија и останати јавни установи под надлежност на локалната самоуправа поседуваат важечки Елаборат за заштита на пожари и План за евакуација?
  3. Дали во општината има објекти со издадена лиценца за вршење на угостителска дејност КАБАРЕ, Ноќен бар, Дискоклуб и Дискоклуб на отворен простор?
  • Дали овие јавни објекти ги исполнуваат безбедносните протоколи според Законот за градење и Правилникот за урбанистичко планирање и проектирање?
  • Дали овие јавни објекти поседуваат Елаборат за заштита при работа и План за евакуација при пожар и дали тој е истакнат на видно место во објектот?
  1. Да се достават програмите за противпожарна заштита на општината за последните 3 години!
  • Да се достават програмите за активностите на општината во областа на заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра од природни непогоди и други несреќи како и ревитализација по елиминирање на криза за последните 3 години!
  1. Кои инспекциски капацитети ги има општината во полето на урбанизам и градежништво?
  • Дали во последните 12 месеци од општинските инспекциски капацитети во полето на урбанизам и градежништво се реализирани инспекциски надзори, дали се изречени мерки при овие надзори и кои се резултатите од истите? Детален извештај !
  1. Регистар на категоризирани угостителски објект на територијата на општината кој општината е должна да го има согласно член 47-а став 1 од законот за угостителска дејност!
  2. Дали од владата ви е побарано мислење за определување на правните лица од општината кои се должни да формираат професионални противпожарни единици согласно член 14 став 2 од Законот за пожарникарство, доколку има такво барање од владата, дали е одговорено на истото?
  3. Дали градби/објекти без правен статус , односно дивоградби има на територијата на општината и кои се нивните локации?
  4. Кои капацитети ги има општината во полето на комунални дејности, колку инспекции и увиди се остварени во последните 2 години, дали се изречени мерки при надзорите и кои се резултатите? Копија од сите инспекциски надзори во последните 24 месеци!
  5. Дали се врши редовен систематски преглед на вработените, дали лицата од инспекциските служби(комунални инспектори) се компететни за одделот за кој се задолжени, дали го почитуваат кодексот за однесување пропишан од општината и законот за службени лица!?

Рокот за доставување на овие документи е 20 (дваесет) дена од денот на достава до архива! За секое непочитување, некоплетно и паушално одговорени, писмено ќе бидат известени надлежните државни органи!, се вели во објавата на Стаменковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*