21 Март, Светскиот ден на лицата со Дауновиот синдром, ден посветен на подигање на свеста за лицата со Даунов синдром и промовирање на правата, инволвираноста и благосостојбата на овие лица.
Симбол на Дауновиот синдром се шарените чорапи, затоа ајде да ги Обоиме нашите стапала со силни и шарени бои и да пренесеме порака дека лицата со ова нарушување се уникатни, но не помалку важни од останатите.Славете ги различностите, бидејќи тие го прават светот подобро место за живеење.
По тој повод во нашето училиште специјалните едукатори и рехабилитатори реализираа работилница со ученици од петто одделение, со цел подигнување на свеста кај учениците и прифаќање на лицата со Даунов синдром, се вели во објавата на училиштето.


Leave a Reply