Советот на Општина Берово донесе Одлука за доделување на финансиска помош, во износ од 300.000,00 денари. Помошта како што стои во објавата на по тој повод, се доделува во знак на хуманост и солидарност за семејствата на настраданите во пожарот во клубот ,,Пулс”, во Кочани.
-Нема зборови за утеха, за прекинатата младост и затоа изразуваме сочувство до семејствата. Ова е само мал дел од она што можеме да направиме за барем малку да ја олесниме болката, се вели во објавата за хуманиот гест на Советот на Општина Берово.
Поддршка за оваа одлука советниците во целост добија и од беровскиот градоначалник Звонко Пекевски.
Средствата за помош на семејствата на загинатите ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Берово.

Leave a Reply