Фудбалскиот клуб Брегалница 1926 Делчево го објави новиот термин за натпреварот со Хоризонт Турново кој беше одложен поради трагедијата.
Новиот термин на натпреварот е сабота (29 март 2025) со почеток во 15:30 часот.
Натпреварот кој ќе се одигра на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев” во Делчево ќе биде од хуманитарен карактер, бидејки средствата од влезниците кои чинат 50 денари, ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во Кочани.
-Ве очекуваме во голем број. Се замолуваат навивачите поради почит кон настраданите да не носат никаква пиротехника, се вели во објавата на делчевска Брегалница 1926.


Leave a Reply