Во СОУ ,,М.М.Брицо” се одржа тактичко показна вежба за евакуација при вонредна ситуација

Во гимназијата Методи Митевски Брицо денес успешно беше спроведена вежба за евакуација. Целта како што информираше директорката Дијана Цонева е да се провери подготвеноста на училиштето за постапување во случај на вонредна ситуација.

-Оваа вежба е дел од нашите редовни активности за зајакнување на безбедноста и заштитата на сите во училиштето.


Сакам да изразам благодарност до сите учесници за навремената, мирна и организирана реакција. Вашата соработка е клучна за заштитата на нашите животи и за обезбедување безбедна средина за учење и работа, истакна Цонева.

Училиштето како што додаде останува посветено на континуирано унапредување на безбедносните протоколи и редовно ќе спроведува вакви активности со цел сите да бидат подготвени за евентуални ризици.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*