Коментар: Ќе влијаат ли казните да се спречи седнувањето зад волан во алкохолизирана состојба !

Се почесто сме сведоци на казнети возачи за возење во алкохолизирана состојба. Во нашиот регион во изминатите недели имавме најмалку 5 случаи на фатени возачи во недозволена состојба што секако го крена алармот пред претстојните празници.

Поголем дел од возачите беа приведени и се очекува поведување кривична постапка против нив. За таквите прекршоци законот јасно прецизира големи казни.

Во член 297-а за „Безобѕирно управување со моторно возило учесник во јавниот собраќај кој не се придржува на прописите за безбедност во сообраќајот и со тоа ќе го загрози јавниот сообраќај безобѕирно управувајќи во состојба на неспособност на возење предизвикана со употреба на алкохол во концентрација од најмалку 1,50 г/кг во крвта, дроги, психотропни супстанции или пре-курзори, возејќи во забранет правец, претекнувајќи ко-лона возила на непрегледно место или возејќи со брзи-на која надминува 50 км на час во населено место или 70 км на час надвор од населено место над дозволе-ната, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Парична казна или затвор до три години“…зарем е малку ова како предупредување до оние кои посегнуваат по воланот, иако знаат дека претходно ,,испиле” повеќе од дозволеното, а притоа ја загрозуваат нашата безбедност како учесници во сообраќајот.

Од наши извори дознаваме дека петте случаи кои беа регистрирани во билтенот на МВР нема да останат неказнето и ќе се бара почитување на членот 297-а за Безобѕирно управување со моторно возило.

Се ближат празници период кога многумина се опуштаат и забораваат на одговорноста која ја имаат како возачи. Нека оваа најава за драконски казни биде предупредување за сите кои не само за овие празници, туку и во било кој период од годината ќе посегнат по воланот, а притоа претходно користеле недозволиви средства, најчесто алкохол.

Последиците секојдневно гледаме дека се ненадоместливи, понекогаш изразени се и со губење човечки животи, што е најжалното нешто, заради нечија одговорност да страдаат невини лица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*