КОПАЧКАТА – пијанечко, македонско и сведско културно наследство под заштита на УНЕСКО од денеска е на репертоарот на Културно-уметничкото друштво Дримкол.
Орото било изведувано и порано од страна на друштвото од Вевчани, но, сега веќе поставена автентично од нашите фолклористи, кои од КУД ,,Дримкол” ги пофалија како големи професионалци и драги нивни пријатели.
Искрена Благодарност за г-ѓа ПЕРСА СТОЈАНОВСКА, претседател на ЗКУД ,,Копачка”- с.Драмче, Делчево и за нејзините соработници: Влатко, Матеја, Адријан. Најчиста е водата таму каде што извира. Дирекно од Пијанечкиот извор изминативе два дена се напоивме со нови знаења, песни и ора: Церското, Ситното, Циганчица, КОПАЧКА, се вели во објавата на КУД „Дримкол“.








Leave a Reply