Епископ г.Марко служеше празнична Велигденска литургија во М.Каменица

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!!!
На вториот ден од Воскресението Христово, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско – каменички г. Марко, во сослужение на свештенослужителите началствуваше со празничната велигденска Литургија во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица.

По читањето на Евангелието искажа боговдахновена беседа во врска со најголемиот христијански празник.
Овој ден го создаде Господ, за да се зарадуваме и да се развеселиме во него. Бог преку Светата Причест не обожува и не облагодатува и на тој начин ние стануваме богови по благодат.

Примајќи го Христа ние совоскренуваме примаме дел од Него и земаме учество, стануваме членови и на небесната црква.

По Литургијата верниот народ ги прими Светите Дарови, а Епископот на сите верници им подели велигденски јајца, честитајќи им го празникот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*