Во финална фаза е реконструкцијата на дел од улица Илинденска и пешачка патека до спој со улица Солунска со вкупна должина од 250 метри.
Во проектот е опфатено реконструкција на постоечкиот коловоз и пешачката патека со скали.
Вкупната вредност на договорот изнесува 2.132.638 денари со вклучен ДДВ, од кои 990.606 денари со ДДВ кофинансира Министерство за транспорт за поддршка на имплементација на декадата и стратегијата за Ромите, а останатите се обезбедени од буџетот на Општина Делчево.
Изведувач на работите е ДППГТУ Коп-Инженеринг ДООЕЛ Скопје.









Leave a Reply