Објава на Билјана Петровска:
Родното место не се само куќите, улиците, дрвјата, планините, родителите, пријателите. Тоа место може да биде твојата куќа, твоето село, град или улица. Родно место ти е и татковината, родната грутка.
Има нешто природно, нешто неуништливо што го тера човека да не може да заборави од каде го почнал својот животен пат, каде ги направил првите чекори и каде ги видел првите ѕвезди.
Се радувам многу што има млади, наши деца, амбициозни, трудољубиви, кои сакаат да учат, да напредуваат. Уште повеќе се радувам што наши деца, во процесот на своето образование, и едукација, преку учењето сакаат да го афирмираат и презентираат својот град и се на што Делчево го има.
Ѓорги Гоцевски е наш млад сограѓанин ,кој студира на Универзитетот по Библиотекознание и информациски технологии, отсек Новинарство во Софија.Кога добил задача да презентира библиотека, како што вели самиот, не избрал библиотека од Бразил, или Словенија, тука ја избрал ЈЛБ„Илинден“, библиотеката од неговиот роден град, библиотеката во која доаѓал како мал.
Денес со радост му помогнавме околу неговата презентација, ставајќи ги на располагање сите наши ресурси и знаење поврзано во библиотеката и работењето.
Се надеваме дека му помогнавме околу собирањето на податоци, не се сомневаме дека ќе има одлична презентација и му благодариме што пред неговите професори и колеги, ќе ја презентита и изрекламира нашата библиотека.
Ѓорги, ти посакуваме успеси во студирањето и ти посакуваме блескава кариера!, се вели во објавата на директорката на ЈЛБ ,,Илинден”, Билјана Петровска.

Leave a Reply