Ден за успеси за средношколците од гимназијата Методи Митевски – Брицо од Делчево/
На државниот натпревар по Географија, одржан денес на Природно -математичкиот факултет во Скопје, нашите ученици постигнаа одлични резултати кои се гордост за самата гимназија.
Како што може да се забележи од табелата подолу посебно за истакнување се освоените 95 бодови на ученичката од III година Ива Цонева, која го освои 2-то место.
Со добри резултати се претставија и учениците:
Јана Попова и Сара Петровска од III година,
Анастасија Петровска и Огнен Малешевски од II година и
Александар Стојмирски, Марија Цоневска и Валерија Миладинова од I година.
Честитки за учениците и менторот, проф. Анета Николова !
Продолжете по патот на успехот !
, се вели во објавата на СОУ „Методи Митевски – Брицо“.
Во продолжение е и табелата со комплетните резултати:
https://drive.google.com/file/d/1G_nv09FdIWpZ7Lo9Ow0KIfXL3G4x7WWv/view?usp=drivesdk

Leave a Reply