ФК ,,Брегалница 1926″ Делчево се поблиску до епитетот вицешампион во 3 МФЛ Исток

Со денешниот освоен бод во Карбинци и поразот на Овче Поле од Тиверија дома, екипата на делчевска Брегалница е чекор поблиску до епитетот вицешампион во Третата фудбалска лига Исток. Синобелите денес солидно одиграа на гостувањето кај ОФК Карбинци од каде заслужено се враќаат со нов бод на своето конто.

Неочекувано Овче Поле денес загуби од последнопласираната Тиверија, а без проблеми шампионот Слога Виница славеше на гостувањето кај Дојранско Езеро со 0:4.

Ударник денес го совлада Светлост со 2:1, а пораз доживеа ОФК Малеш од Берово кои на гости беа совладани со минимални 1:0 кај домашниот тим на Хоризонт.

Во следното 17 коло, делчевските фудбалери го пречекуваат тимот на Овче Поле, натпревар на кој делчевчани на домашен терен ја имаат првата меч топка и официјално да ги решат дилемите околу епитетот вицешампиони во Третата фудбалска лига Исток.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*