Клубот ,,Тигар” од Делчево домаќин на второто коло од македонската бокс лига

Бокс и кик боксинг клубот Тигар од Делчево ќе биде домаќин на второто коло од младинската и првата лига во бокс. За таа цел од клубот интнзивно се подготвуваат за натпреварите кои се закажани за 4 мај 2025 (недела) со почеток во 14:00 часот.

Како што истакна тренерот Борче Ивановски, делчевскиот клуб ќе има и свој претставник на овие натпревари во името на Андреј Ѓорѓиевски, кој ќе боксува за прв пат на овие натпревари.

-Со Андреј Ѓорѓиевски работиме интензивно, тренинзите се одвиваат со добар тек. Тоа ќе му биде прва борба, ќе видиме како ќе не претстави. Следејки ја неговата способност тој ги задоволува стандардите за да се натпреварува, вели Ивановски.

Ѓорѓиевски кој тренира една година во клубот иако се уште не го знае името на противникот очекува добар резултат.

Клубот од Делчево за чии тренинзи се задолжени браќата Ивановски кои имаат настапувано за македонската кик боксинг репрезентација, повторно започна со работа пред околу два месеци.

-,,Тигар” функционира како боксерски и кик боксинг клуб. Тоа се два посебни клуба кои се членки на федерациите. Тренинзите се одвиваат во две групи едната група е дечиња до 13 години, а имаме и бозрасна група. Тренираме понеделник, среда и петок, додава тренерот Мики Ивановски.

Во рамки на натпреварите во недела борбите ќе се одвиваат во сениорска категорија, а планирани се и борби во помладите конкуренции. Од клубот од Делчево ги поканија вљубениците во спортот со своето присуство да дадат свој придонес во успешна организација на настанот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*