Во Делчево реализирани активности по повод Неделата на имунизација. Активностите ги спроведе екипа на медицински работници од Здравствен дом „Гоце Делчев“ Делчево, кои во градскиот парк денес на најмалите и нивните наставници им поделија флаери со едукативна за редовната вакцинација.
Педијатар д-р Љупка Стефановска – Калаџиска изрази благодарност до Министерството за здравство, СЗО и општествено одговорните фирми со чија поддршка се одбележува Неделата на имунизација.
-Ние денес овде во градскиот парк и Неделата на имунизација ја одбележуваме преку делење флаери, календари за редовна и таканаречената „кечап“ имунизација која ни овозможува да ги надополниме оние пропуштени дози на вакцини, како и кратка брошура која ги опишува сите болести кои што се вакцино-превентабилни и е дадено осверт кон нив. Оваа прилика ја користам да изразам благодарност до Министерството за здравство, СЗО и општествено одговорните компании како Брегал, кои помогнаа да се реализира активноста, истакна Стефановска Калаџиска.

Во рамки на одбележувањето на неделата за имунизација ќе се реализра теренска посета и вакцинација на невакцинирани лица во Делчево и околните села.
-Ние ги посетуваме домовите преку активноста „од врата до врата“ бараме невакцинирани лица и евентуално аплицираме за вакцини на лица кои не се дојдени во нашиот Здравствен дом. Јас сакам само да потенцирам дека детското здравје е бесценето и за децата да израснат со љубов и во здрави индивидуи, потребно е да ги вакцинираме и со тоа да спречиме да се појават болести кои веќе се заборавени во историјата и воедно да не дозволиме да ни падне процентот на имунизација. Исто така со вакцинирање на најмалите ги штитиме и повозрасните преку создавање на еден колективен имунитет кој е потребен да не се вратат болестите, додаде Стефановска – Калаџиска.
Како новитет за оваа година, како што додаде делчевскиот педијатар, во календарот на имунизација од оваа година се вметнати и момчињата до 13 години за задолжителна ХПВ вакцинација.

Leave a Reply