Фудблерите на делчевска Брегалница го остварија зацртаниот план за освојување на второто место, по враќањето во Третата фудбалска лига Исток, откако неколку сезони поради финансиски причини клубот паузираше со настап во третолигашката конкуренција.
Пред околу 9 месеци кога тренерот Даниел Гоцевски свика состанок на кој беа поканети дотогаш активните фудбалери, можеби никој не очекуваше дека Брегалница со новата додавка 1926 успешно ќе се трансформира во сериозен претендент за висок дострел во новата сезона, која само што требаше да започне.
По тој состанок на кој бевме присутни и ние се формираше костурот на клубот и играчите започнаа со тренинзи.
Следуваа неколку пријателски натпревари со Логодаж и Малеш кои домаќините ги добија и потоа започна првенството.
Победа против Тиверија на гости, гостински пораз од Хоризонт и домашен пораз од Слога беше епилогот по првите три натпревари. Потоа следеше реми во Зрновци, па прва домашна победа против Ударник. На гостувањето кај Дојранско Езеро исто така реми, па победа против Карбинци пред домашната публика. Следеше ново реми во Св Николе со конкурентот Овче Поле и на крај од есенскиот дел несреќен пораз од Малеш.
Пред почетокот на пролетниот дел екипата се засили со неколку нови имиња, па продолжи борбата за тоа второ место, имајки предвид дека однапред сите ја прогласија Слога за нов второлигаш.
На стартот од пролетта две победи најпрвин против Тиверија 3:2, па потоа и против Хоризонт 2:0. Во дуелот со Слога во Виница добро се носевме но два гола од прекин пресудија за нова победа за Виничани. Следеше победа против Светлост 2:1, па реми кај Ударник 1:1. Во Делчево бевме подобри од Дојранско Езеро со 1:0, а на гости кај Карбинци повторно зедовме бод во натпревар без голови.
Серијата добри резултати без пораз ја продолживме на вчерашниот натпревар со Овче Поле во Делчево. Клучно за синобелите беше да не се загуби и со тоа да се осигура второто место и така и се случи. Делчевските фудбалери заслужија да го понесат епитето вице-шампиони и сега им преостанува в недела во Берово да одиграат натпревар за престиж со Малеш, кој ни е должник за оние несреќно загубени бодови пред крајот на есенскиот дел од сезоната.
На крај може да кажеме БРАВО МОМЦИ…заслужено второ место и со нови сили напред кон уште подобри резултати наесен. За сите спонзори и помагатели без да заборавиме некој, секоја чест. Да не беа тие, кој знае кога пак ќе гледавме сениорски фудбал во Делчево.
Во продолжение изјавата по вчерашниот натпревар и гостувањето на тренерот Даниел Гоцевски во нашиот поткаст каде ги најави плановите за клубот во иднина:

Leave a Reply