Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски денеска ги посети земјоделците во општина Делчево. Како што се вели во неговата објава на средбата се разговарало за штетите од ниските температури кои што се случија изминатиот период.
-Од ниските температури ни сливите и вишните не останаа имуни. Им ја појаснив процедурата која што е потребно да ја спроведе Општина Делчево за да можат да ги пријават настанати штети предизвикани од ниските температури, истакна министерот Трипуновски
Додаде дека на располагање на земјоделците е Подрачната единица на Делчево при МЗШВ за да излезе во пресрет на Општината за да се заврши побргу процедурата за обесштетување.
-Наша обврска како Министерство и како Влада е да излеземе во пресрет и да ги обесштетиме земјоделците чии што насади измрзнаа, подвлече Трипуновски.










Leave a Reply