Општина Берово и општествено одговорната компанија ПАКОМАК ДОО Скопје потпишаа договорот за донација на реквизити за детското игралиште во паркот на улицата ,,Партизанска”. Договорот како што информираа од Општината произлегува како награда за Општина Берово која беше победник на конкурсот за нај-еко општина.
-Општина Берово, е победник на конкурсот за најеко општина, кој го објавува компанијата Пакомак, во соработка со невладината организација Балкан ЕКО институт, па донацијата следува како награда за победничката општина. Донацијата вклучува поставување клацкалки, нишалка и лизгалка во паркот на улица ,,Партизанска” во Берово, инфомираа од Општината.
Како победничка општина, оттаму додадоа дека Берово бележи значителни резултати кон еколошки придонеси.
-Значителните резултати се како во однос на еко проектите во текот на изминатата година, така и во однос на соодветно менаџирање на вкупниот генериран отпад, на ниво на општина и унапредување на системот за селектирање на отпад, но на врвот сме и во поглед на рециклирањето на отпадот. Пригодните награди, кои се обезбедени, треба да бидат од корист на сите луѓе од заедницата и да не поттикнуваат кон активното учество во борбата за почиста околина, секојдневна грижа и заштита на животната средина и негување на еколошките вредности, додадоа од Општина Берово.
Изразија Благодарност до Пакомак и Балкан ЕКО институт за препознавањето на еколошките вредности на Берово, како примат за еколошка општина. Титулата нај еко општина на Општина Берово и се доделува по втор пат

Leave a Reply