Денес ја славиме светлината на Спасовден – денот кога нашиот Господ Исус Христос, по Своето славно Воскресение, се вознесе на небото, седејќи оддесно на Отецот.
Но не не остави сами. Не се одвои од нас. Тој ни подари ветување:
„Еве, Јас сум со вас во сите денови до свршетокот на светот.“
(Матеј 28:20)
Спасовден е врата од земјата кон небото. Тоа е потсетник дека нашето срце не припаѓа само на овој свет, туку на вечноста. Христос не се вознесе за да се оддалечи, туку за да ги подигне сите што веруваат во Него.
Денес Небото се отвори,
денес радоста е повисока од болката,
денес љубовта е посилна од стравот,
денес Христос не повикува:
„Да не ви се плаши срцето. Верувајте во Бога и во Мене верувајте.“
(Јован 14:1)
Нека овој свет празник ни биде потсетник дека нашата вистинска татковина е Небесниот Ерусалим.
Нека ни даде сила да ги издигнеме мислите над неправдата, страдањата и гревот.
Нека Христовото Вознесение биде причина за секојдневна надеж, дека патот на Крстот води кон Воскресение и Вечен живот.

Leave a Reply