Василија Петрова, Миленце Атанасов и Малешевски Мерак в сабота во предвечерието на празникот Св Троица ќе настапат ,,На мегдане” во с.Русиново.

Во ова село по традиција за селскиот собор се одржуваат Трујчинденските средби, чиј музички дел годинава е закажан за 07.06.2025, додека наредниот ден во недела ќе се одржи традиционалниот турнир во мал фудбал.

Настанот е во организација на Месната заедница од Русиново, кои во меѓувреме упатија покана до сите хумани соселани иселници и други помагатели, со лично спонзорство да се вклучат во успешната организација на настанот.


Leave a Reply