Текстилната струка при гимназијата ,,Методи Митевски – Брицо” добива нова димензија на креативност и иновација.
Во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, реализиран од People in Need North Macedonia, LEAD- Leaders for Education, Activism and Development, Ekovita и ARNO, а финансиран од 🇪🇺 Европската Унија, училиштето доби нова современа опрема:
🔹 Термо преса за текстил
🔹 Автоматска машина за шиење
Оваа опрема ќе се користи во рамки на практичната настава, каде учениците ќе изучуваат современи техники за доработка на облека и ќе креираат уникатни апликации и текстилни дизајни.
За реализацијата на овој проект одговорен е професорот Дејан Златков, кој го координира процесот на интегрирање на одржливи практики во модното образование.
Комбинираме знаење, технологија и одржливост за да ги инспирираме младите да бидат креатори на промените, се вели во објавата на училиштето.



Leave a Reply