Лето, време за одмор, тишина и повеќе слободни моменти, за многумина претставува идеален период за враќање кон една од најубавите навики – читањето. Во овие долги летни денови, љубителите на книгата уживаат во можноста да се посветат на насловите кои ги оставиле „на чекање“ низ годината.
Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево бележи позитивни бројки кога станува збор за интересот кон книгите.
Заклучно со 15 јуни, библиотеката брои вкупно 901 член, од кои 662 се активни читатели. Во првите шест месеци од 2025 година, запишани се дури 140 нови активни членови, што сведочи за континуираниот интерес кон пишаниот збор.
Библиотеката ги известува сите ученици дека располага со сите задолжителни лектирни изданија. Најбарани во јуни биле насловите: „Белото циганче“, „Грдото пајче“ и „Хајди“. Кај возрасната публика, најголема побарувачка имаат книгите од Ина Мур, Себастијан Фицек, Сара Џио и Јелена Бачиќ Алимпиќ.
Од „Илинден“ порачуваат дека и во текот на летото ќе продолжат да го збогатуваат фондот со нови, интересни и актуелни изданија, охрабрувајќи ги сите граѓани ова лето да изберат книга како свој сигурен сопатник

Leave a Reply