Истанбул, 25 јуни 2025 – Со голем интерес и позитивна атмосфера започна првиот ден од престижниот текстилен саем Garment Tech Istanbul 2025, каде што компанијата „Брегал“ успешно го претстави својот асортиман на современи текстилни машини.
Штандот на „Брегал“ беше меѓу најзабележителните на настанот, привлекувајќи бројни посетители, партнери и клиенти благодарение на иновативниот пристап, професионалната презентација и јасната посветеност кон развојот на текстилната индустрија.
„Првиот ден помина одлично – реализиравме квалитетни средби, презентации во живо и воспоставивме нови контакти кои се важни за идниот развој на нашето работење,“ соопштија од компанијата.
Во видео-материјалот објавен од саемот може да се види дел од атмосферата, како и демонстрациите на машините во живо, кои побудија голем интерес кај публиката.
Саемот продолжува и наредните денови, а „Брегал“ најавува уште поактивно учество и нови претставувања.

Leave a Reply