„Рудине Делчево“ започнува со заштита на вишновите насади – апел до граѓаните за внимателност

Делчево, 26 јуни 2025 – Од компанијата „Рудине Делчево“ информираат дека започнува процесот на заштита на вишновите насади пред берба, при што ќе се применуваат пестициди кои се потенцијално опасни за здравјето на луѓето.

Поради тоа, од компанијата упатуваат апел и предупредување до сите граѓани да не се движат во близина на насадите додека трае прскањето, со цел да се избегнат евентуални несакани последици по здравјето.

„Во случај на несакани последици, одговорноста ќе биде на страна на граѓаните кои не го почитуваат предупредувањето“, стои во соопштението на „Рудине Делчево“.

Граѓаните се повикуваат на зголемена претпазливост и почитување на препораките сè додека трае заштитата на насадите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*