📍 Видео: https://www.facebook.com/share/v/16JJRW3tsi/
„Треба ли да се случи ново Кочани, или слична трагедија за конечно да ни допре до свеста дека за себе, за своите и за општествените добра, одговорноста е само наша?
Институциите се оние кои само треба да ја контролираат таа наша свесност и да ја казнуваат нашата неодговорност и несовесност. И после три месеци од трагедијата во Кочани, и после сите опомени и укажувања од институциите, граѓаните (станарите) не успеваат да одговорат на законските обврски (ППЗ, одржување, …)
Каде е свеста за колективното живеење? Кога ќе сфатиме дека не сме сами на овој свет, дека пред несреќите сите сме еднакви. И не е само пожар, поплава, паркинг… милион мали работи кои се суштински за нормално функционирање во една нормална држава…“
се вели во објавата на станарка во зградата која изрази благодарност до Противпожарната единица, полицијата и Итната медицинска помош за навремена и ефикасна интервенција.
Реакцијата доаѓа по пожарот кој синоќа дваесет минути по полноќ се случи во зградата Брод, пожар во кој беше зафатен стан на вториот кат во зградата.
Во пожарот нема повредени, но едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од екипа на Итна медицинска помош за понатамошен преглед.
На местото на настанот интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, како и припадници на полицијата. Според информации од ТППЕ Делчево, пожарот бил целосно изгаснат во 01:30 часот по полноќ.
Од надлежните институции се најавени дополнителни информации за случајот во текот на денот.

Leave a Reply