Второ електронско пријавување за упис во средни училишта во тек – краен рок 30 јуни

Министерството за образование и наука информира дека е во тек второто електронско пријавување на учениците за упис во прва година од средното образование за учебната 2025/2026 година.

Сите ученици кои сакаат да го продолжат своето образование во средните училишта, имаат можност да ја поднесат својата електронска пријава (апликација) најдоцна до 30 јуни 2025 година, до 23:59 часот. По овој термин, системот автоматски ќе биде затворен за понатамошно онлајн аплицирање.

Линк за пријавување: 👉https://e-uslugi.mon.gov.mk

По затворањето на електронскиот систем, сите ученици кои ќе се најдат на листата на примени, треба да ја достават потребната документација до избраното училиште на 01 јули 2025 година (вторник), во периодот од 10:00 до 19:00 часот.

Делчевскoто средно училиште и оваа година ги очекуваат новите генерации ученици, подготвени да стекнуваат знаење, вештини и пријателства кои ќе ги водат кон иднината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*