Кошаркарскиот клуб Патриот од Делчево продолжува со амбициозните подготовки за новата сезона, а најново засилување во тимот ќе биде бугарската интернационалка Маги Чипова.
Маги Чипова има 26 години, висока е 186 сантиметри и покрива повеќе позиции – 3, 4 и 5, што ја прави исклучително флексибилна и корисна на теренот. Станува збор за искусна кошаркарка која има богата кариера зад себе и големо меѓународно искуство, кое ќе биде од огромна важност за тимот од Делчево.

Чипова досега има настапувано за неколку истакнати клубови во Бугарија и Европа, меѓу кои се:
- КК Асеновец
- КК Славија Софија
- КК Септември Софија
- КК Рилски Самоков
- Спартак Пловдив
- Аријано Ин Пино (Италија)

Со нејзиното приклучување, управата на КК Патриот испраќа јасна порака дека клубот има сериозни амбиции за следната сезона и дека ќе се стреми кон високи резултати во првенството. Според раководството, Чипова ќе внесе стабилност, борбеност и лидерство на паркетот, квалитети кои веќе ги има потврдено во нејзината кариера.
Од клубот изразија задоволство од новиот ангажман и официјално ѝ посакаа добредојде во Делчево.
„Маги е играч со искуство и огромен потенцијал. Веруваме дека ќе биде вистинско освежување во нашата игра и дека ќе ѝ помогне на екипата да ги исполни поставените цели. Ѝ посакуваме успешна сезона, многу победи и што повеќе заеднички успеси во дресот на Патриот,“
изјавуваат од клубот.

Навивачите на КК Патриот со нетрпение ја очекуваат првата официјална средба на Чипова во синиот дрес, а од клубот најавуваат и уште неколку новитети во пресрет на стартот на сезоната.
📸 За повеќе спортски новости од Делчево, останете со нас – Делчево365.
#ККПатриот #МагиЧипова #Делчево365 #Кошарка #СпортДелчево #Новитети2025

Leave a Reply