Делчево, 30 јуни 2025 (Делчево365) – Кадетките на кошаркарскиот клуб Патриот од Делчево ќе го претставува градот и Македонија во престижната WABA лига (Женска Јадранска лига) со генерацијата U15.
Станува збор за кошаркарки кои во изминатите години постигнаа завидни резултати:
Првак на Македонија во категоријата U12
Трето место – бронза во категоријата U14

Овие девојки, кои се вистинско злато за клубот, од есен ќе имаат можност да се натпреваруваат со најдобрите врснички од регионот, а воедно и да се подготвуваат за повисоко ниво – учество во сениорската лига.

📅 Натпреварите во WABA лигата ќе се играат во турнирски формат, а распоредот за првите четири турнири е следниот:
✅ Турнир во Софија (Бугарија)
KK Шампион Софија – KK Патриот
KK Септември Софија – KK Патриот
✅ Турнир во Зеница (Босна и Херцеговина)
KK Коњиц – KK Патриот
KK Зеница – KK Патриот
✅ Турнир во Делчево (Македонија)
KK Плеј оф Сараево – KK Патриот
KK Иноx Сараево – KK Патриот
✅ Турнир во Ниш (Србија)
KK Партизан – KK Патриот
KK Студент – KK Патриот
KK Будуќност Бемакс – KK Патриот

Со ова учество, KK Патриот ги продолжува заложбите за развој на младинскиот спорт во Делчево и поставува нови стандарди во женската кошарка. Настапите во WABA лигата ќе бидат драгоцено искуство и нов поттик за младите спортистки од регионот.
📣 Делчево365 ќе ги следи настапите и ќе известува за секој турнир и резултат.


Leave a Reply