Пехчево, 1 јули 2025 (Делчево365) – Источното гратче Пехчево повторно ќе биде во центарот на вниманието благодарение на Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2025, кој ќе се одржи од 11 до 13 јули. Во рамки на фестивалот, по традиција, ќе се организира и Етно саемот „Пехчевски Павловден“.
Организаторите најавуваат богата тридневна програма со учество на врвни изведувачи од Македонија, Србија и Бугарија, музички настапи до доцните часови, етно и културни содржини кои ја слават традицијата на Балканот.
Програма на фестивалот:
📅 11 јули (петок):
- 20:00 – 20:30 – Свечено отворање на фестивалот и етно саемот
- 20:30 – 21:00 – Настап на „Кверкус Бенд“
- 21:00 – 23:00 – Брас Бенд „Џамбо Агушеви“
- 23:00 – 01:00 – „Дејан Петровиќ Биг Бенд“ (Србија)
- 01:00 – 03:00 – DJ Bono
📅 12 јули (сабота):
- 20:00 – 21:00 – Фестивал на детски песни „Поточиња 2025“
- 21:00 – 23:00 – Владимир Ивановиќ (Србија)
- 23:00 – 01:00 – Даниела Веселиновиќ (Србија)
- 01:00 – 03:00 – „Brass Brothers“
📅 13 јули (недела):
- 12:00 – 14:00 – Фолклорно и културно претпладне со настапи на:
- КУД „Малешевска китка“ – Пехчево
- КУД „Димитар Беровски“ – Берово
- НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево
- „Браќа Трајановски“ – Панчарево
- КУД „Искрици“ – Благоевград (Бугарија)
- ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари
- 14:00 – Традиционален црковен ручек за сите посетители
Организаторите велат дека Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2025 не е само музички настан, туку културен празник што обединува музика, обичаи и луѓе од различни средини. Посетителите може да очекуваат уникатно доживување во срцето на Малешевијата.










.

Leave a Reply