📍Делчево, 1 јули 2025 (Делчево365) – Со свечена приредба што ќе се одржи вечерва (вторник, 1 јули) со почеток во 20:00 часот, основното училиште ќе го одбележи крајот на учебната 2024/2025 година. Настанот ќе се одржи во свечената сала на Спомен дом АСНОМ во Делчево.
Во рамки на културно-забавниот дел од програмата ќе настапат ученици од училиштето, кои со своите изведби ќе го збогатат вечерното случување.
Свеченоста ќе биде збогатена и со доделување на благодарници на полуматурантите – учениците од деветто одделение кои во текот на основното образование покажале континуиран одличен успех.
Организаторите упатија покана до сите ученици, родители и сограѓани да присуствуваат и заеднички да го одбележат крајот на учебната година.

Leave a Reply