Делчево, 1 јули 2025 (Делчево365) – Со поставување на нов асфалтен слој, завршува реконструкцијата на улиците Пиринска, 19 Октомври и Пијанечка во населбата Ново Делчево, со вкупна должина од околу 400 метри.
Како што информира градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, реконструкцијата на овие улици е уште еден доказ за сериозниот пристап на локалната самоуправа во решавањето на инфраструктурните проблеми и максималните заложби за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
„Континуирано инвестираме во модернизација на уличната мрежа во сите делови на градот. Со овие зафати обезбедуваме подобра пристапност, поголема безбедност и поубава урбана слика,“ изјави Трајковски.
Дополнително, во текот на денешниот ден нов асфалт ќе добие и улицата Лика Чопова.
Изведувач на работите за реконструкција е градежната фирма ОСД „Кирил“ од Скопје.










Leave a Reply