„Патеките на Голак ве повикуваат – трчање со полн пакет на 6 септември“

Планината Голак повторно ќе биде во центарот на спортските случувања на 6 септември, кога ќе се одржи рекреативно-спортскиот настан Golak Trails 2025, со старт во Делчево и цел на планинскиот масив Голак.

Настанот нуди уникатна можност за трчање по шумски патеки, чист планински воздух и природен амбиент, со целосна логистичка поддршка за учесниците. Организаторите најавуваат организиран превоз до Делчево, транспорт на лична опрема до целта, освежителни станици долж рутата, како и стартен пакет со маичка, медал и подароци.

„Сè што треба да понесеш е желбата – ние се грижиме за останатото“, велат организаторите, повикувајќи ги заинтересираните да се пријават преку онлајн формуларот:
https://docs.google.com/forms/d/1X9VuFIUj-M41icygyrejVEPOEli38hd3Fmz0pfxClrM

Бројот на места е ограничен, а пријавувањето е отворено до пополнување на капацитетот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*