Акција за чистење и едукација на Равна Река – Пехчево

Денес, Младинскиот совет на Пехчево во соработка со Општина Пехчево организираа акција за чистење и пикник на туристичката населба Равна Река.

Во пријатна атмосфера на природа и другарување, младите придонесоа за почиста околина.

Покрај хуманата акција, беше одржан и едукативен дел посветен на американската историја и култура, каде што се презентираа интересни факти за празникот 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

Настанот беше одлична можност за дружење, учење и грижа за животната средина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*