Семејство од Симитли посади бел јавор во делчевското с.Град во знак на почит и сеќавање на нивниот дедо !

Денес делечвското село Град го посети Фамилијата Пилеви од Симитли, Бугарија. Во знак на почит и сеќавање, засадија дрво бел јавор во чест на нивниот прадедо Иван Филов, кој пред речиси 200 години бил роден и живеел токму тука, во село Град.

Според семејната приказна, Иван Филов бил принуден да побегне од селото по несреќен инцидент со одрон на карпа при кој загинува една була, по што се плашел од можност за одмазда. Се преселува во Симитли, каде што ја продолжува својата лоза.

Со денешната посета и садење дрво, фамилијата Пилеви/Пилевски ја негува својата поврзаност со корените и ја пренесува историјата на новите генерации.

Огромна благодарност од жителите на село Град за нивниот гест и љубовта кон татковината на нивниот предок.

Дали некој од постарите мештани или истражувачи има повеќе информации за дедо Иван Филов и каде точно се наоѓал неговиот имот во селото? Вашите сеќавања и податоци би биле од голема важност, велат од групата Иселеници с.Град, кои ја објавија информацијата за денешниот настан.





Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*