Во тек е реализација на уште еден капитален проект во Општина Делчево – Регулација на дел од река Габровчица во должина од 700 метри.
Со реализација на овој проект ќе се подигне безбедноста на граѓаните и објектите во близина на реката, ќе се подобри визуелниот изглед на самиот тек и регулација како и ќе се влијае на подобрување на животната средина преку намалување на постојните депонии во нерегуларниот дел на речното корито, информираше градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од МЖСПП во вредност од 12.933.660 денари и Општина Делчево во вредност од 4.177.475.
Изведувач на работите е КОП ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, а надзор е е правното лице ИНВЕСТИНГ ДООЕЛ Радовиш.






Leave a Reply