ШОК ВИДЕО: Се доближува, пали и бега – Пожар намерно подметнат во Делчево!

На видео кое ни го испрати наш читател, јасно се забележува силуета на лице кое подметнува пожар во делчевската населба Први Реон.

Камерата за видео надзор регистрирала момент кога лицето се доближува до тревната површина, ја пали, а потоа побргува и го напушта местото. Инцидентот се случил во доцните вечерни часови на 09.07.2025 година.

Случајот е пријавен во надлежните служби, а локалните власти апелираат до граѓаните да бидат внимателни и веднаш да пријават сомнителни активности.Во услови на екстремно топло време и суво растениe, ваквите постапки се исклучително опасни и можат да доведат до големи пожари и загрозување на животи и имоти.

За сите најнови информации следете на нашиот YouTube канал. Преку апликацијата YouTube во вашиот телефон пребарајте delcevo 365 mk и кликнете Претплати се !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*