Што ќе добие Делчево од вториот повик од Инструментот за капитални инвестиции ?!

Со вториот повик од инструментот за капитални инвестиции, денес се склучуваат договори за вкупно 828 проекти, во вкупна вредност од 13 милијарди и 868 милиони денари или приближно 225 милиони евра.

Ова е вториот повик. Во првиот беа финансирани 288 проекти. А со пресек заклучно со 1 јули 2025 година: 281 проект е со склучен договор, 146 се воведени во работа или веќе се изведуваат на терен, 113 проекти се целосно завршени, од тие што се на терен, 25 се во завршна фаза, а за уште 6 проекти тече постапка за јавна набавка.

ШТО ДОБИВА ДЕЛЧЕВО:

✅ Регулациіа на корито на река Брегалница во централно градско подрачје на град Делчево, возводно регулирано корито (дел во должина од 320 метри) – 43.533.767,00 денари

✅ Фекална и атмосферска канализација за централно градско подрачје У.Г.2.2,
блок 2.2 -11.269.576.00 денари

✅ СРЦ Делчево улици (Улица 5, улица 6, Улица 8 (подземни инсталации: водовод, атмосферска и фекална канализација, населба станбена зона СРЦ)
10.757.706,00 денари

✅ Улици во населба Пролет (ул.4в, дел од улица 4б, дел од улица 3, дел од улица 5, дел од улица 1) подземни инсталации: фекална и атмосферска канализациа за населба Пролет, систем за водоснабдување за населба Пролет- Делчево) – 9.200.635,00денари

✅ Реконструкција на улица Индустриска

  • 13.472.579,00 денари

✅ Реконструкција на дел од улица во с. Звегор
782.918,00 денари

✅ Изградба на краци од улица Драмечка (крак 4), Изградба на улици во населба Басарица
Подземни инсталации:Атмосферска канализација со колектор на населба
Басарица (крак 4) – 3.060.522,00 денари

✅ Реконструкција и изградба на улици во централно градско подраче УЕ 2- дел од блок 2.2 (дел од улица 4, крак од улица 4, дел од улица 1, пристапна улица 1, улица 5) (подземни инсталации: фекална и атмосферска
канализација за централно градско подраче У.Г.2.2,Блок 2.2) -11.397.955,00 денари

✅ Изградба на дел од улица Видое Смилевски Бато (со потпорен ѕид) -7.302.788,00 денари

✅Реконструкциа на дел од улица Кочо Рацин

  • 2.011.016,00 денари

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*