По повод големиот верски и национален празник Илинден, Црковниот одбор на село Тработивиште упатува покана до сите жители, роднини и пријатели во земјата и дијаспората да присуствуваат на заедничката прослава на 2 август.
Прославата ќе започне во 8:00 часот со Свeта Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“. Богослужбата ќе ја предводи отец Јованчо Сумрачки, соселанец кој повеќе децении живее и служи меѓу македонската заедница во Австралија. Со него ќе сослужуваат отец Димитар Темелковски и други свештени лица од Делчевско-каменичката епархија. На певницата ќе настапи презвитера Јасминка, сопруга на отец Јованчо.
Во попладневните часови, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи и традиционалната „Трпеза на љубовта“ — заеднички ручек (курбан), кој секоја година собира голем број верници и гости.
Организаторите ги повикуваат сите со добра волја да се приклучат на Илинденските чествувања во Тработивиште, во духот на заедништвото, верата и традицијата.
За повеќе информации, заинтересираните можат да се обратат преку Фејсбук-страницата на селото или директно кај главниот координатор на Црковниот одбор, Миле Велков.
Со Господ напред – на многаја лета! Амин.


Leave a Reply