ЈЛБ „Илинден“ – Делчево во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска во градскиот парк организираа едукативна работилница за деца на тема „Безбедно во сообраќајот со велосипед и тротинет“.
На настанот учествуваа вкупно 34 деца, кои пристигнаа со свои велосипеди и тротинети, опремени со задолжителна заштитна опрема. Преку практични вежби и совети, тие имаа можност да научат како безбедно и одговорно да се движат во сообраќајот.
На работилницата децата се запознаа со:
- основни сообраќајни правила за велосипедисти и возачи на тротинети,
- правилната употреба на заштитната опрема,
- начини за безбедно движење низ градските улици,
- најчестите грешки и совети како тие да се избегнат.
Организаторите истакнаа дека вакви активности се повеќе од потребни, бидејќи речиси секое дете во секојдневието користи велосипед или тротинет. Целта е најмладите преку практично учење да ги стекнат неопходните знаења за безбедно и совесно учество во сообраќајот, со почит кон сите останати учесници.

Leave a Reply