Утврден распоредот за Третата фудбалска лига Исток. Во оваа конкуренција делчевска Брегалница гостува во првото коло кај екипата на Ударник.
Во првото коло уште се среќаваат Рудар против ОФК Малеш Берово, Хоризонт Турново против Дојранско Езеро, Овче Поле и Тиверија, Светлост Зрновци против Карбинци, а слободна во првото коло е екипата на Победа од Валандово.
Новата сезона во Третата фудбалска лига Исток започнува на 7 септември 2025 година.

Leave a Reply